Историја на BDO International

БДО е светска мрежа на ревизорско консултантски компании, наречени БДО Фирми-Членки, која нуди услуги на интернационални клиенти. Секоја БДО Фирма-Членка е независна правна целина во својата земја.

Историјата на БДО започнува во 1963 година кога сметководствените фирми од Велика Британија, Холандија, Германија, САД и Канада го воочиле потенцијалот од соединување и така следствено го прошириле своето знаење и способност. Резултат на тоа е Binder Seidman International Group која работела заедно како мрежа на фирми се до 1973 година кога е усвоено заедничкото име Binder Dijker Otte & Co.

Во 1988 година е формирана глобалната структура и притоа за да се осигура доминантноста на локалната сила усвоена е кратенката БДО која се наоѓа пред името на сите фирми-членки на БДО мрежата. Истовремено, е креирано логото и корпорацискиот идентитет со цел да се промовира континуираноста низ целата мрежа.

Од тогаш, БДО мрежата има поминато низ трансформација која ја доведе до местото на петта најголема ревизорско консултантска мрежа во светски рамки, со повеќе од 1,204 претставништва во преку 138 земји ширум светот. БДО вработува повеќе од 54,933 луѓе кои ја промовираат вредноста и целта на глобалната компанија. БДО е позната по способноста да ги препознае потребите на клиентите, достапноста на партнерите, широкото локално знаење споено со глобалните сознанија. Партнерите и вработените во БДО се етични и одговорни во своите пристапи и советите према клиентите.

БДО нуди широк спектар на услуги за клиенти од конгломерати до мали компании, големи мултинационални компании или семејни компании, и е водечка организација на пазарот која го овозможува растот на бизнисот. БДО е организација специјализирана во услужување на интернационални и домашни компании кои сакаат да растат, и организација која пронајде начин да привлече растечки компании како клиенти.


БДО годишни извештаи за последните 5 години