Кариера во БДО

БДО Македонија нуди можност за успешна кариера на амбициозните млади луѓе. Ние бараме ревизори, финансиски консултанти, даночни консултанти и сметководители кои се штотуку завршени или со претходно работно искуство. Нашиот процес на вработување е ваша можност да ни кажете нешто повеќе за себе, вашите цели и причината поради која би сакале да работите во БДО Македонија.

Ние им обезбедуваме на нашите вработени исклучителна тренинг програма како и одлични услови за работа. Со наша помош нашите вработени константно се усовршуваат добивајќи шанса за професионален развој. Нашата посветеност почнува од нашите менаџери и продолжува на сите нивоа, бидејќи сите сме вклучени во Вашиот развој. Ние нудиме образовен програм за секоја фаза на Вашата работна кариера.

Ние сме одлично место за работа затоа што ги цениме нашите вработени.

Нашата цел е да создадеме вработени кои ќе бидат задоволни и мотивирани да напредуваат во нивната кариера. Создаваме атмосфера на взаемно почитување создавајќи етичка работна средина каде што ги решаваме сите проблеми преку интегритет и почит. Ние сме поддржувачи на различноста, бидејќи веруваме дека образовната и културната позадина со различно животно и работно искуство може да допринесе за компанијата.

Како да аплицирате
Вашата апликација за работа може да биде поднесена лично, преку e-mail адреса, со назнака „позиција - даночен консултант“,„позиција - ревизор“,„позиција - финансиски консултант“ на следнава адреса:  

БДО ДОО Скопје
11 Октомври 86/1/1
1000 Скопје, Македонија
E-маил: careers@bdo.mk

Ние постојано примаме нови апликации.