Вашиот успех,
e и наш успех

Добредојдовте во БДО Македонија

БДО е една од петте најголеми интернационални ревизорски и консултантски мрежи во светот, со повеќе од 1,204 канцеларии во 138 земји ширум светот и со 54,933 професионалци кои работат за да ги задоволат нашите клиенти преку услугите кои ги нудат. Заклучно со 30 септември 2012 година, БДО има остварено вкупен приход од ЕУР 4.630 милиони (УСД 6.015 милиони).

БДО во Македонија (порано Димитров Ревизија) со седиште во Скопје, од 1999 година соработува со компаниите и помага за нивниот развој во областа на ревизијата и консалтингот.

Нашиот пристап е обезбедување поддршка на клиентите на основа на познавањето на локалниот пазар и користејќи ја нашата меѓународна експертиза и светската БДО мрежа.

БДО нуди можност за успешна кариера на младите и амбициозни луѓе. Ние бараме ревизори, финансиски консултанти, даночни советници и сметководители кои или се скоро дипломирани или имаат работно искуство. Нашиот процес на вработување, претставува Ваша можност да кажете нешто повеќе за себе, за Вашите цели и причината поради која би сакале да работите во БДО.

Ние им обезбедуваме на нашите вработени исклучителна обука и менторска програма, како и извонредни работни услови. Со наша помош, нашите луѓе константно напредуваат бидејќи им даваме шанса за нивен професионален развој. Нашата посветеност во Вашиот развој започнува од менаџери и се пренесува на сите нивоа, бидејќи ние сме вклучени во Вашиот напредок. Ние нудиме обука за секое ниво од развојот на Вашата кариера.

БДО е одлично место за работа бидејќи ние навистина ги цениме нашите вработени. Покрај основната плата, ние нудиме и привлечен пакет на бенефиции и компензација.

Нашата цел е е да создадеме задоволство кај вработените кои ќе бидат мотивирани да напредуваат во својата кариера. Ние се почитуваме едни со други, бидејќи работиме на високо етичко ниво каде што се справуваме со сите проблеми преку интегритет и почит. Ние ја поддржуваме различноста и веруваме дека различното образование на луѓето како и нивната културна средина, но и нивното различно животно и работно искуство можат многу да допринесат за нашата компанија.

Од 2011 година, Димитров Ревизија стана членка на петтата по големина ревизорска и консултантска мрежа- „БДО“ со 1,204 канцеларии во 138 земји ширум светот.

Глобалната мрежа нуди консултантски услуги преку 54,933 луѓе ширум светот. Карактеристичната репутација на БДО за градење на одлични односи со клиентите се состои во нашата посветеност кон нив, односно што е важно за нив е важно и за нас.

БДО го комбинира познавањето на условите на домашниот пазар и општо економските услови, со високо ниво на професионалност, техничка поддршка и меѓународно искуство стекнати благодарејќи на членството во БДО мрежата како и поддршка од страна на главната мрежа на фирмите членки на БДО.

Нашиот пристап кон клиентите е воден според највисоките вредности и е специјално прилагоден на секој клиент. Тој е ориентиран да и служи на потребите на дадената компанија, но и на потребите на луѓето кои стојат позади неа. Користејќи го нашето лично знаење и искуство, целосно познавање на работните услови како и користењето на нашето меѓународно искуство и поддршка од БДО меѓународната мрежа, блиската соработка со нашите клиенти и претприемачи, развивме длабоко разбирање на факторите кои управуваат со растот на работењето.

Во БДО ние гледаме од перспективата на нашите клиенти во понудата на услуги и креирањето на бизнис решенија. Активно се интересираме за работата на нашите клиенти и се трудиме да постапуваме како вистински бизнис консултанти.

Како успешни претприемачи ние ги разбираме специфичните предизвици и можностите кои допринесуваат за развој. Точно таа експертиза и нашето големо познавање на Македонскиот пазар, не издвојува нас од нашите конкуренти.