Ревизија и сродни услуги

Во БДО, ние нудиме услуги кои се извршени со најголема посветеност од страна на нашите партнери и професионалци. Наша должност е да извршиме детална, независна, ефикасна и ефективна ревизија на финансиските извештаи, вклучувајќи ги и оние кои што се интегрирани со ревизија на внатрешните контроли. Ние исто така нудиме квалитетни услуги на уверување дека финансиските извештаи на нашите клиенти ги исполнуваат сложените регулациони и деловни барања под кои тие функционираат.

Во модерната економија, бизнис ризиците кои не се детектирани на време и кои се не се адекватно управувани, претставуваат најголема закана на квалитетот и веродостојноста на вашите финансиски извештаи. Ако не успеете да го интерпретирате ризикот правилно, вие го ставате кредибилитетот на вашата компанија во опасност.

БДО е многу повеќе од листа на услуги. БДО е тим од професионалци кои работат заедно со нивните клиенти во пронаоѓањето на одговори на комплексните прашања.

БДО може да ви помогне. Нашиот тим соработува со Вас со цел вашите бројки да го добијат кредибилитетот и верификацијата кои им се потребни за да бидат општо прифатени.

Нашите Услуги го вклучуваат следново:

  • Ревизија
  • Адаптирање на МСФИ
  • Внатрешна ревизија
  • ИПО услуги
  • Консалтинг за ризик
  • СЕЦ известување