За нас

БДО Македонија беше основана како „Димитров Ревизија“ ДОО Скопје во 1999 година. Регистрирана е во согласност со Законот за Ревизија од 1977 година и е меѓу првите ревизорски друштва во Македонија. Почнувајќи од Април 2001 година „Димитров Ревизија“ е прифатена како член на асоцијацијата на независни ревизорски фирми DFK International со седиште во Лондон.

Од 2011 година, БДО Македонија стана членка на петтата најголема ревизорска и консултантска мрежа - Интернационалната БДО мрежа со 1,204 канцеларии во 138 земји ширум светот. Димитров Ревизија, а сега БДО Македонија, продолжува на своите деловни партнери да им овозможува професионални услуги со највисок квалитет и професионален интегритет.

БДО Македонија моментално има вработено над 20 ревизори и консултанти, кои непрекинато соработуваат со големиот број на истакнати експерти во многубројни области.

БДО Македонија го комбинира искуството од локалниот пазар и економската состојба со високо ниво на професионализам, стручна позадина и меѓународното искуство на фирмите членки на БДО, кое е достапно благодарејќи на поддршката од БДО глобалната мрежа.

Нашиот пристап кон клиентите е воден од највисоките вредности и е специјално прилагоден на секој клиент. Тој е ориентиран да служи на потребите на дадената компанија, но и на потребите на луѓето кои стојат позади неа. Користејќи го нашето лично знаење и искуство, целосното познавање на работните услови како и користењето на нашето меѓународно искуство и поддршка од БДО меѓународната мрежа, преку блиската соработка со нашите клиенти и претприемачи, развиваме длабоко разбирање на факторите кои управуваат со растот на работењето.

Во БДО Македонија, се обидуваме да гледаме од перспектива на нашите клиенти, при креирањето на понудата на услуги и бизнис решенијата. Активно се интересираме за работата на нашите клиенти и се трудиме да постапуваме како вистински бизнис консултанти, а не само како сметководители, ревизори, финансиски или даночни консултанти.